Минималец на Лајпциг против „фармацевтите“

Минималец на Лајпциг против „фармацевтите“

пред 3 години

Лајпциг забележа победа над Борусија Менхенгладбах, во дербито на 19.коло во Бундеслигата. „Биковите“ славеа минимален триумф од 1:0. За Лајпциг ова е 11.победа во сезоната, по која останаа на седум чекори зад лидерот Баррн Минхен.

Лајпциг и Борусија, во првиот дел имаа неколку солидни шанси, а најдобрата можност за постигнување на гол ја имаше Лукас Клостерман во финишот на полувремето.

Во раната фаза од второто полувреме, Лајпциг го реши прашањето на победникот. Во 51.минута со прецизен удар од работ на шеснаесетникот Кристофер Нкунко ја погоди целта.

Можност да ја дуплира предноста на Лајпциг имаше Александер Серлот, меѓутоа неговиот удар во 62.минута заврши во дирекот.

Борусија најголемата шанса ја имаше во 89.минута, кога Гулаши го одбрани ударот на лукас Аларио.

Share
Scroll to Top