Мини-корона криза и во Ливерпул! Наби Кеита е четвртиот позитивен фудбалер

Мини-корона криза и во Ливерпул! Наби Кеита е четвртиот позитивен фудбалер

пред 4 години

Наби Кеита стана четвртиот фудбалер на Ливерпул со позитивен тест на корона вирусот, по тестовите на новото засилување Тијаго Алкантара, напаѓачот Садио Мане и Џердан Шаќири.

Фудбалерот од Гвинеја, Кеита, сега ќе мора да оди во самоизолација, откако се заразил со вирусот додека бил на должност со неговата репрезентација. Ова значи дека 25-годишниот поранешен фудбалер на Лајпциг, најверојатно ќе го пропушти жешкото Мерсисајд дерби во сабота.

Кеита е последен од низата фудбалери во Англија, Италија и Шпанија кои се заразија со вирусот, и се стравува дека вирусот ќе се рашири уште повеќе бидејќи повеќето елитни фудбалери се со своите репрезентации оваа недела.

Share
Scroll to Top