Михајловиќ ќе пее со Златан на Санремо: Двајца цигани на сцена!

Михајловиќ ќе пее со Златан на Санремо: Двајца цигани на сцена!

пред 3 години

Златан Ибрахимовиќ нема да биде единствениот фудбалер на славниот музички фестивал Санремо во Италија, откако тренерот на Болоња и добар пријател на Ибра, Синиша Михајловиќ потврди дека ќе гостува една вечер, шегувајќи се дека ќе излезе на сцената со Златан.

„Ќе одам во Санремо. Јас и Ибра ќе пееме – двајца цигани на сцената. За среќа нема да има публика, бидејќи не знам да танцувам, ниту да пеам. Златан подобро танцува, но и тој е лош во пеењето. Лично, сакам некоја песна како ‘Io vagabondo’“, вели Србинот.

Share
Scroll to Top