Мурињо би бил тренер и на ривалите на Интер

Мурињо би бил тренер и на ривалите на Интер

пред 4 години

Жозе Мурињо, еден од најуспешните тренери во историјата на Интер, вели дека не би размислувал многу кога би добил понуда да биде тренер на италијански ривал на „нераѕурите“.

„Специјалниот“ е последен странски тренер кој победил во Серија А, откако во 2009/10 ја донесе славната тројна титула на Интер, кои сега се на чекор да ја освојат италијанската титула првпат од неговото заминување. Иако секогаш велел дека Интер има посебно место во неговото срце, откако остана без работа по отказот од Тотенхем, Португалецот би сакал да работи во Серија А.

„Секогаш би одел во насока на моите пријатели. Но, каде има повеќе луѓе од моето време? Истиот претседател? Истиот газда? Моите играчи? На сите нив сум им благодарен и им платив со победи. Кога ќе заминам од некој клуб ги кажувам само убавите работи за клубот. Не сум човек кој вади валкани алишта, никогаш! Освоив се со Интер и има посебна љубов. Но, ако еден ден треба да се вратам во Италија и да бидам тренер на ривалски клуб, нема да размислувам многу. Тоа е професионален начин на гледање на работите“, вели Мурињо.

Share
Scroll to Top