Португалскиот стратег на чело на Тотенхем, Жозе Мурињо моментно ги има Герет Бејл и Карлос Винисиус како алтернативи за Хари Кејн кој е недопирлив на местото прв напаѓач. Сепак, Бејл е на позајмица од Реал Мадрид, а Винисиус од Бенфика.
Двајцата на крајот на сезоната ќе мораат да се вратат во своите клубови, па Мурињо се насочува кон српскиот напаѓач, Душан Влаховиќ кој има одлична сезона во Фиорентина.
Пред „Спарси“, интерес за Србинот покажаа Рома и Милан. Сепак неговиот договор со „виолетовите“ е до летото 2023 година.
Фиорентина не сака лесно да се откаже од напаѓачот, не за сума под 40 милиони евра.