Хетафе им приреди нова мизерија на Валенсија

Хетафе им приреди нова мизерија на Валенсија

пред 1 година

Шансите на Валенсија да осигураат опстанок во шпанската Ла лига добија нов удар, откако во директен дуел со уште еден „загрозен“ клуб, загубија со 1:0 на гостувањето кај Хетафе.

Со петтиот пораз во низа, поранешниот финалист од Лигата на шампионите заглавува на претпоследното место на табелата со 20 поени, сега два помалку од Хетафе кои се на 17. место.

Во меч полн со физичка игра, домаќините добија дури седум жолти картони, но на крајот стигнаа до трите поени благодарение на голот на Борха Мајорал во 82. минута од мечот.


Standings provided by Sofascore

Share
Scroll to Top