Мурињо лут: Моите играчи го направија спротивното од тоа што им го кажав!

пред 3 години

Менаџерот на Тотенхем, Жозе Мурињо тврди дека неговите фудбалери го направиле сосема спротивното од неговите инструкции на полувреме по 1:1 ремито со Кристал палас во неделата.

Тотенхем имаа водство преку голот на Хери Кејн во првото полувреме, но Палас доминираа во второто полувреме и Џефри Шлуп ја искористи грешката на Иго Љорис во 81. минута за израмнување. И покрај тоа што сега имаат 11 меча без пораз во лигата, Мурињо не беше задоволен.

„На полувремето на фудбалерите им го кажав сосема спротивното од тоа што го направија во второто полувреме. Ако ги погледнете последните 10 минути од мечот, тогаш, да изгубивме два поени, но од 45. до 75. минута не можевме да направиме ниту една шанса и направивме многу грешки. Љорис? Тој е најдобриот голман во Премиер лигата, и точка! Ако треба да обвинам некого, тогаш го обвинувам тимот“, вели Мурињо.

Пред гостувањето на „Енфилд“, само реми за Тотенхем кај Палас

Share
Scroll to Top