Мурињо не знае дали Бејл ќе остане и следната сезона

Мурињо не знае дали Бејл ќе остане и следната сезона

пред 4 години

И покрај шпекулациите дека Тотенхем се разочарани од формата на Герет Бејл и нема да му понудат да остане и следната сезона во Лондон, односно ќе го вратат во Реал Мадрид од каде игра како позајмен фудбалер, Жозе Мурињо вели дека немало разговори за иднината на Велшанецот.

31-годишниот Бејл се врати во својот стар клуб минатото лето, но не успеа да биде првотимец во составот на Мурињо, одигрувајќи само 161 минута во Премиер лигата.

„Немаше ниту секунда разговори за тоа откако тој пристигна. Герет е играч на позајмица до крајот на сезоната. Не сме зборувале ниту со него, ниту со Реал Мадрид. Секако, знаете дека пристигна повреден и не доби многу минути во Премиер лигата, а потоа дојде новата повреда против Стоук кога имаше добро полувреме. Не му беше лесно“, вели Мурињо.

Share
Scroll to Top