Мурињо полуде по прашањата за Кејн: Зборувајте за Јунајтед и Ливерпул!

Мурињо полуде по прашањата за Кејн: Зборувајте за Јунајтед и Ливерпул!

пред 3 години

Жозе Мурињо бесно одговори на тврдењата дека Хери Кејн се прави „умен“ при освојувањето пенали за Тотенхем, откако англискиот напаѓач беше обвинет дека игра опасно, порачувајќи им на новинарите да ги гледаат Манчестер јунајтед и Ливерпул.

Минатиот викенд Кејн, но и напаѓачот на Ливерпул, Мохамед Салах беа обвинети дека се обидуваат да изнудат пенали, но Мурињо целосно застана во одбрана на Кејн.

„Мислам дека сте збунети! Можеби зборувате за некои фудбалери на Манчестер јунајтед, на Манчестер сити, на Ливерпул, на Челси… Зборувате за Кејн? Тој беше во позиција да ја брани топката и Лалана дојде со опасен старт. Тоа беше фаул. За што зборувате? Не се работи за правење умен. Кејн е тука да дава голови, а Лалана направи грешка. Зборувајте за Ливерпул, Ман јунајтед, тие пенали кога ги гледате ‘умните’ на тревата. Не зборувајте за Кејн!“, вели Мурињо.

Тој исто така ги „боцна и шпанските медиуми за првиот гол на Герет Бејл.

„Зборувам за шпанските медиуми кои не беа многу добри кон Герет. Сега зборуваа убаво за него со голот. Тоа ме прави среќан“, вели Мурињо.

Дали Хери Кејн е „валкан“ и опасен играч?

Share
Scroll to Top