Навивачите на Баерн сакаат од клубот да замине Салихамиџиќ, а не тренерот Флик

Навивачите на Баерн сакаат од клубот да замине Салихамиџиќ, а не тренерот Флик

пред 3 години

Баерн Минхен, синоќа ја предадоа европската титула. Баварците, во реприза на финалниот меч од минатата сезона, во четврт-финалето беа елиминирани од ПСЖ.

Медиумите и дел од стручњаците, по мечот, се јавија со коментари дека тренерот Ханс-Дитер Флик, ќе си замине од клубот и по ЕУРО 2020 ќе стане селектор на Германија. Баерн на неговото место би го ангажирале Јулијан Нагелсман од Лајпциг.

Наводно, Флик нема да замине поради елиминацијата од Лигата на шампионите, туку поради лошиот однос што го има со спортскиот директор Хасан Салихамиџиќ.

Ова е мислењето на медиумите и стручњаците, а доколку се прашуваат навивачите, тие би сакале од клубот да си замине Салихамиџиќ.

Во анкетата на „Doppelpass“, учествувале 35.000 луѓе, голем број од нив сакаат да му го видат грбот на спортскиот директор, а не на тренрот.

Дури 84 отсто се изјасниле дека Салихамиџиќ треба да замине, а само пет отсто следната сезона не сакаат тренерот да биде во клубот.

Четири отсто гласале за опцијата двајцата да останат, а седум отсто се изјасниле дека двајцата треба да заминат од Баерн.

Share
Scroll to Top