Надал го разби својот „наследник“ и тоа на неговиот 18. роденден

Надал го разби својот „наследник“ и тоа на неговиот 18. роденден

пред 4 години

Популарниот „Бик од Мајорка“ – шпанскиот тенисер Рафаел Надал за час и 15 минути игра на Мастерсот во Мадрид со убедливи 6-1 и 6-2 го победи сонародникот Карлос Алкарас и тоа на денот кога тој наполни 18 години.

Според многумина, младиот Алкарас е идниот наследник на Надал, но нервозата кај младиот тенисер не му даде ниту малку шанса за триумф против легендарниот противник.

Во првиот гем Алкарас промаши чиста топка за да направи брејк. Згора на тоа имаше проблем со мускулот кој го истегна при еден смеч.

Со два брзи брејка Рафа лесно и брзо го реши првиот сет во своја корист.

Ниту во вториот сет вториот на АТП листата не се изнамачи многу со младиот противник, па сега Надал за противник во осминафиналето ќе го има Алексеј Попирин кој со 2-0 (7-6 и 6-2) славеше против Јаник Синер.

На останатите денепни дуели на Мастерсот во Мадрид кои досега финишираа Медведев со 2-1 славеше против Давидович-Фокина, Гарин со 2-0 беше подобар од Кепфер, Карацев со пресврт го среди Шварцман 2-1, а Еванс во 3 сета беше подобар од Милман.

Еден од фаворитите на турнирот Александер Зверев со 6-3 и 6-2 беше подобар од Кеи Нишикори, додека Делбонис со 2-0 беше подобар во пресметката со Рамос.

Share
Scroll to Top