Шпанскиот тенисер Рафален Надал, третиот носител на гренс слем турнирот Ролан Гарос предмалку со убедливи 3:0 во сетови (6-3, 6-2 и 7-6) славеше триумф во првото коло против Австралиецот, Алексеј Попирин.
Шпанецот работата против 63-от светски тенисер ја заврши за два ипол часа на париската земја.
Првите два сета не претставуваа големо искушение за „Бикот од Мајорка“, па со убедливи 6-3 и 6-2 Надал лесно се движеше на теренот.
Проблемите за Шпанецот дојдоа во третиот сет. Попирин со еден брејк дојде до предност од 5-2, притоа и имаше две сет топки, па кога сите помислија дека ќе се игра и четврти сет во Париз, Надал „уфрли во поголема брзина“ и стигна до воведниот триумф на турнирот, иако мораше да игра тај-брејк во третиот период од мечот.
Во втората рунда негов противник ќе е домашниот претставник Ришар Гаске кој со 3-0 славеше против Французинот Гастон.
Предмалку турнирот заврши за искусниот Вердаско кој загуби со 3-1 од Германецот, Колшрајбер.
Аргентинецот Кориа со убедливи 3-0 го совлада Фелисијано Лопез, а Шварцман беше убедлив против Ли од Тајпеј.