Надал: Ѓоковиќ е опседнат со рекордите

Надал: Ѓоковиќ е опседнат со рекордите

пред 4 години

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал во интервју за „Метро“, рекол дека не опседнат со рекордите, туку дека со соборувањето на рекорди е опсесија на неговиот голем ривал, Новак Ѓоковиќ.

Рафаел Надал, во кариерата освоил 20 Гренд слем титули, исто толку има и Роџер Федерер и тоа е единствениот голем рекорд во тенисот, кој не е во сосптвеност на Новак Ѓоковиќ.

Ѓоковиќ, не крие дека негова цел е да биде тенисерот со најмногу Гренд слем титули.

„Новак повеќе се фокусира на соборувањето на рекордите. Тоа е негова опсесија. Кога го велам ова не мислам ништо лошо, едноставно тој е насочен кон тоа. Него тоа повеќе му значи, секогаш говори на таа тема. Јас немам таков пристап кон тенисот. Мојата амбиција е здрава, поинаков сум од Ѓоковиќ“, рекол Надал.

Share
Scroll to Top