Наполи бараат (нереални) 15 милиони евра за Милик

Наполи бараат (нереални) 15 милиони евра за Милик

пред 3 години

По интересот на Јувентус и Атлетико Мадрид, Наполи ќе бараат најмалку 15 милиони евра за полскиот напаѓач Аркадијуш Милик и покрај тоа што неговиот договор ќе заврши во текот на летото и тогаш ќе може да си замине бесплатно.

Милик има 48 гола во 122 меча за Наполи од пристигнувањето од Ајакс во 2016 година, а лани заврши со 14 гола по што беше „замрзнат“ во тимот по неуспешниот обид да го продадат во текот на летото. Јувентус и Рома беа блиску до неговиот потпис, заедно со Тотенхем, но никој не беше подготвен да ја плати сумата која ја бараше Наполи.

„Наполи сакаа да ми го продолжат договорот на пет години и ми дадоа два избори – потпиши или замини. Решив дека сакам нешто ново, нов предизвик. Никогаш не сум бил непријателски настроен кон Наполи, сакав работите да се решат професионално“, вели 26-годишниот Милик.

Share
Scroll to Top