Наполи ја освои Болоња, Елмас доби мала минутажа

Наполи ја освои Болоња, Елмас доби мала минутажа

пред 3 години

Наполи стигна до тешка 1:0 победа на гостувањето кај Болоња за да се искачи на третото место во Серија А во меч во кој македонскиот репрезентативец Елиф Елмас доби шанса да ги одигра последните десетина минути.

Партенопеи дојдоа во водство во 23. минута, кога Ирвинг Лозано одлично го пронајде нигерискиот напаѓач Виктор Осимен, кој со глава го совлада Лукаш Скорупски. Калиду Кулибали во 50-тата минута постигна гол, кој подоцна беше поништен од ВАР поради играње со рака. Елмас, кој е неизвесно дали ќе може да настапи за Македонија на баражот за пласман на ЕП со Грузија, влезе во игра во 83. минута од мечот.

Со победата, Наполи е на третото место во Серија  А со 14 поени, два помалку од лидерот Милан (кој има и натпревар помалку). Болоња е 14. место со само 6 поени по седум меча.

Share
Scroll to Top