Најдобра тетоважа од ЕУРО: Кјелини, Сака и пехарот

Најдобра тетоважа од ЕУРО: Кјелини, Сака и пехарот

пред 3 години

Европското првенство заврши пред една недела. Шампионатот (не)очекувано го освои репрезентацијата на Италија. Азурите, во финалето, по изведувањето на пенали ја победија Англија.

Навивачите со различни емоции го испратија крајот на ЕУРО 2020. Многумина се решија, некои моменти да ги претворат во тетоважи. Најоригиналната сигурно ја има еден италијански навивач.

На раката тој го тетовирал, моментот во финишот на првото продолжение, кога Кјелини го фати за дресот Сака и го спречи да отвори контранапад на Англија.

Покрај дуелот тетовиран е и пехарот, кој се прикажува дека е недостижен за Сака. Во пенал серијата, младиот напаѓач на Арсенал, го промаши решавачиот пенал.

Share
Scroll to Top