Најлошиот натпревар на Роналдо во Јувентус

Најлошиот натпревар на Роналдо во Јувентус

пред 3 години

Јувентус не успеа да ја совлада Аталанта, натпреварот заврши 1:1, а трагичар беше Кристијано Роналдо. Португалецот, во 61.минута, не реализираше пенал. Неговиот удар лесно го одбрани најдобриот играч на натпреварот, голманот на Аталанта, Пјерлуиџи Голини.

Специјализираниот фудбалски портал „Goal.com“, настапот на Роналдо го оценил со еден збор – „Катастрофа“.

Од порталот, Роналдо, добил оценка 4,5. Ова е најмалата оценка што ја добил Роналдо откако во 2018 година стана играч на Јувентус.

Роналдо имал 77 отсто точни пасови (23/30), добил четири од седумте дуели, имал еден успешен дриблинг, три пати шутирал кон голот и креирал една шанса.

„Никогаш полошо не одиграл за Јувентус. Промашениот пенал нема врска со тоа“, пишува порталот.

https://www.youtube.com/watch?v=MzgDPlYTkQ8

Share
Scroll to Top