На Депај му пропадна трансферот во Барса поради неговиот поранешен клуб

На Депај му пропадна трансферот во Барса поради неговиот поранешен клуб

пред 4 години

И покрај тоа што и Лион и Мемфис Депај се согласија на трансфер во Барселона, Холанѓанецот нема да пристигне на „Ноу Камп“ откако каталонскиот клуб не успеа да се договори да го продаде Усман Дембеле на Манчестер јунајтед, јавува „Ел мундо депортиво“.

За 26-годишниот Депај Барселона беше заинтересирана подолго време, посебно по пристигнувањето на Роналд Куман на клупата на каталонскиот гигант, а неодамна и самиот Депај изјави дека иако има уште една година од договорот, би можел да најде нов тим.

Иронично, неговиот трансфер пропадна поради неговиот поранешен клуб, Манчестер јунајтед, кој не се согласи на барањето на Барселона да го направат трансферот на 23-годишниот Усман Дембеле постојан за 60 милиони евра, туку бараа само позајмица за Французинот.

Share
Scroll to Top