Шаќири е негативен на вториот тест за Ковид 19

Шаќири е негативен на вториот тест за Ковид 19

пред 4 години

Фудбалскиот сојуз на Швајцарија во вторникот објави дека репрезентативецот Џердан Шаќири е позитивен на коронавирусот. Денешниот, втор тест покажал дека е негативен.

„Во вторникот наутро ги добивме резултатите од тестовите за коронавирус на членовите на А селекцијата. Во средата повторно ги тестиравме сите играчи и членовите на стручниот штаб. Позитивен тест доби само Мануел Акањи, сите останати вклучувајќи го и Шаќири се негативни“ соопштија од швајцарскиот фудбалски сојуз.

Шаќири два дена помина во самоизолација, а здравствениот комитет на УЕФА треба да даде зелено светло дали тој може да патува кон Шпанија каде во сабота Швајцарија ќе ги одмери силите со „Фуријата“ во рамки на Лигата на нации.

На 13. овој месец Швајцарците ќе гостуваат и во Германија.

Share
Scroll to Top