На неспортски начин постигна гол, судијата го казни со жолт картон

пред 4 години

Штутгарт забележаа победа од 2:1 во Бремен, кај Вердер, во 10.коло. Победата на „швабите“ им ја обезбеди 20-годишниот напаѓач од Конго, Сајлас Вамангитука. Вториот гол тој го постигна во 91.минута, кога ја искористи катастрофалната грешка на голманот на Вердер, Јиржи Павленка. Вамангитука му ја украде топката, застана на гол-линијата чекајќи да му се доближи некој од противниците, дури тогаш постигна гол. Ваквата негова реакција предизвика револт кај фудбалерите на Вердер, кои тргнаа физички да се пресметаат со него. Поради непочитување на притивникот главниот судија го казни Конгоанецот со жолт картон. ???????? pic.twitter.com/vbqEz1lc2j — Alex (@AIex1904) December 6, 2020

Share
Scroll to Top