На Солскјер му се подготвува отказ – Почетино и Гигс главни кандидати за замена

На Солскјер му се подготвува отказ – Почетино и Гигс главни кандидати за замена

пред 3 години

Извршниот потпретседател на Манчестер јунајтед, Ед Вудворд е подготвен да му даде отказ на Оле Гунар Солскјер доколку резултатите на клубот не се подобрат итно, јавува британскиот „Дејли мирор“.

Солскјер останува омилена личност во клубот и кај навивачите поради неговите успеси како фудбалер, но на Вудворд тоа нема да му пречи доколку резултатите останат на разочарувачкото ниво, како при 1:6 поразот од Тотенхем на „Олд Трафорд“. Иронично, голем број на фановите главниот проблем го гледаат не во Солскјер, туку токму во Вудворд поради премалата поддршка во текот на преодниот рок, кога не успеаја да се донесат саканите засилувања.

Според „Мирор“, главен кандидат за негов наследник е поранешниот прв човек на Тотенхем, Маурисио Почетино, кој е без работа по отказот кој го доби од Тотенхем. Главна предност на Почетино е тоа што е способен да направи резултати без големи засилувања, а исто така игра и атрактивен фудбал.

Поранешниот фудбалер на Јунајтед, Марк Хјуз, пак, тврди дека на „Олд Трафорд“ размислуваат за враќање на сегашниот селектор на Велс, Рајан Гигс, кој првата шанса ја доби токму кај „ѓаволите“ како замена на клупата по отказот на Дејвид Мојс во 2014. 46-годишниот Гигс потоа беше асистент на Луис ван Гал, пред во 2018 да стане селектор на Велс.

„Рајан се покажа и мислам дека најверојатно ќе добие шанса во Манчестер јунајтед. Тогаш можеби сметаа дека нема доволно искуство, но сега го однесе Велс на Евро 2021 и нема причина зошто не би бил добар и со Јунајтед“, вели Хјуз, уште еден поранешен фудбалер на клубот.

Share
Scroll to Top