НБА класиката им припадна на Бостон Селтикс – Лејкерси немоќни без Леброн и Дејвис

НБА класиката им припадна на Бостон Селтикс – Лејкерси немоќни без Леброн и Дејвис

пред 3 години

Кошаркарската класика, дуелот помеѓу најтрофејните франшизи во НБА лигата, Бостон Селтикс и Лос Анџелес Лејкерс им припадна на Селтикс. Играчите од Бостон, во Лос Анџелес, забележаа победа од 121:113, со што ја продолжија својата победничка низа на турнејата по Западната конференција.

Актуелните шампиони, Лејкерси, без најдобрите играчи, Леброн Џејмс и Ентони Дејвис, не можеа да им се спротивстават на Селтикс. „Езерџиите“, во ниту еден момент не успеаја да им ја оспорат победата на опонентите. Селтикс во еден период од натпреварот имаа предност од 27 поени.

Мечот го обележа извонредната партија на Џејлен Браун. Крилниот играч на Бостон постигна 40 поени, на кои придодаде девет скока и три асистенции. Останатите играчи на Бостон беа далеку од Браун. Маркус Смарт постигна 15 поени, а Џејсон Тејтум и Тристан Томпсон по 14 поени.

Кај Лејкерси се истакна Хортон-Т акер со 19 поени, седум скока и шест скока, Меклемор уфрли поен помалку, а двоцифрени беа и Кузма (13), Херел (12) и Мекини (10).



Share
Scroll to Top