НБА ја одобри продажбата на Јута – Новиот сопственик ќе плати 1,66 милијарди долари

НБА ја одобри продажбата на Јута – Новиот сопственик ќе плати 1,66 милијарди долари

пред 4 години

НБА лигата ја одобри продажбата на Јута Џез. Сопственик на франшизата од Солт Лејк Сити, наскоро ќе стане Рајан Смит, милијардер кој богатството го стекнал во ИТ-индустријата.

Јута Џез 35 години беше во сопственост на семејството Милер. Ова семејство ќе задржи мал дел од акциите.

Според информациите Смит за Јута Џез ќ плати 1,66 милијарди долари. Во негова сопственост, покрај кошаркарскиот клуб ќе бидат и арената „Вивинт“ и бејзбол тимот Јута.

Кошаркарскиот тим во НБА лигата започна да се натпреварува во 1974 година, во Њу Орлеанс, пет години подоцна Џез се преселија во Солт Лејк Сити.

Најголемите успеси франшизата го доживеа кон крајот на овој век. Во 1997 и 1998 година, Јута Џез, предводени од Карл Мелон, Џон Стоктон и легендарниот тренер Џери Слоун, ја освојуваа Западната конференција, меѓутоа во големото финале паѓаа пред Мајкл Џордан и Џикаго Булс.

Share
Scroll to Top