Невил: Сити се вратија, Ливерпул сега имаат проблем

Невил: Сити се вратија, Ливерпул сега имаат проблем

пред 3 години

Манчестер сити, преку градскиот ривал Манчестер јунајтед, избори пласман во финалето на Лига купот. „Граѓаните“, четврти пат во низа, односно петти пат во последните шест години ќе се бора за трофејот во ова натпреварување.

Дуелот со Јунајтед, покажа дека Сити се враќаат во форма и дека му бидат најсериозниот противник на Ливерпул во походот на титулата во Премиер лигата.

„Изгледаше како Сити да го играат својот најдобар фудбал или се блиску до тоа“, рекол поранешниот играч на Манчестер јунајтед, Гери Невил, алудирајќи дека пред Јунајтед, Сити славеа во лондон, против Челси со 3:1.

„Впечаток е дека Пеп Гвардиола крај теренот повторно ја имаа онаа победничка искра. Пред неколку недели реков дека играчите на Сити делуваат како да им е здодевно на теренот. Но против Челси беа сензационални. Нешто ги „крена“ пред тј натпревар. Беа на многу повисоко ниво“.

Сити, во Премиер лигата, имаат четири бода помалку од лидерот Ливерпул. Актуелните шампиони немаат победа на последните три натпревари.

„Сигурен сум дека на ум го имаа поразот на Ливерпул во понеделникот и дека сега се убедени дека можат да ја освојат титулата. Ливерпул прават грешки, тоа им помогна на Сити. Сигурен сум дека тимот на Гвардиола ќе му направи многу проблеми на Ливерпул“, смета поранешниот капитен на Манчестер јунајтед.

Манчестер сити наредниот натпревар ќе го одигра против Брајтон на 13.јануари.

Share
Scroll to Top