Нема договор помеѓу Реал и Алаба

Нема договор помеѓу Реал и Алаба

пред 3 години

Давид Алаба има јасна желба, ги одби сите понуди на Баерн, за да може по завршувањето на сезоната како слободен играч да замине од клубот.

Австриецот се поврзува со Реал Мадрид, дури некои шпански медиуми објавија дека двете страни ги договориле сите услови. Сепак, финансиските барања на Алаба и неговиот менаџер Пини Захави се преголем залак дури и за Реал.

28-годишникот бара нето плата од 12 милиони евра, договор на пет сезони и милионски бонус за својот менаџер откако ќе го потпише договорот.

„Ел Чирингито“, дека Реал нема намера да се согласи на овие услови.

Покрај со Реал, Алаба, се поврзува и со Ливерпул, ПСЖ и Манчестер сити.

Share
Scroll to Top