Удинезе забележа победа, која веројатно е клучна во борбата за опстанок. Удинезе, победи во Кротоне со 2:1. Македонскиот репрезентативец, Илија Несторовски, одигра 70.минути, во тој период му асистираше на Де Пол за првиот гол.
Натпреварот во Кротоне, го обележа капитенот на Удинезе, Де Пол. Тој го постигна првиот гол во 40.минута, откако Несторовски во вториот обид реши да асистира. Според статистиката, за несторовски ова е најдобриот меч во Серија А оваа сезона.
Аргентинецот, во 74.минута повторно му донесе предност на Удинезе, откако Кротоне израмнија на почетокот од вториот дел преку Сими.
На крајот Де Пол, во 91.минута, доби црвен картон.
Победа на домашен терен, во попладневниот термин забележа Сампдорија над Верона (3:1).
Верона во 13.минута дојде до предност, со голот на Лазовиќ од слободен удар. Сампдорија пресвртот го направи во вториот дел со головите на Јанкто, Габијадини од пенал и Трозби.