Никој не е заинтересиран за Ериксен, платата му е преголема?

Никој не е заинтересиран за Ериксен, платата му е преголема?

пред 3 години

Британскиот „Телеграф“ тврди дека Лестер се заинтересирале да го добијат Кристијан Ериксен на позајмица од Интер, но се „оладиле“ кога ја чуле платата која ја добива Данецот.

Поранешниот фудбалер на Тотенхем се наоѓа во незавидна ситуација во Интер, кои една година откако го добија сакаат да го дадат на позајмица (или попожелно да го продадат), но платата од 300.000 евра неделно е голема „сопка“, бидејќи Интер не сака да плаќа дел од оваа сума.

Останува да се види каде ќе заврши на крајот Ериксен, откако беа заинтересирани и Тотенхем, или на крајот ќе остане во Интер и ќе го убеди Конте да му даде нова шанса.

Share
Scroll to Top