Соиграчот на Несторовски, Лазар Самарџиќ ќе игра за Србија

Соиграчот на Несторовски, Лазар Самарџиќ ќе игра за Србија

пред 1 година

Фудбалскиот сојуз на Србија (ФСС), објави дека соиграчот на Илија Несторовски во Удинезе, Лазар Самарџиќ го прифатил повикот да игра за Србија. Самарџиќ е роден во Берлин и досгега играше за сите младински селекции на Германија, вклучувајќи ја и репрезентацијата за фудбалери до 21 година.

ФСС објави дека Самарџиќ ќе биде во составот на репрезентацијата во мартовските квалификациски натпревари за пласман на Европското рпвенство.

„По неколкумесечни темелни и внимателно испланирани активности, се со цел српската репрезентација да биде поквалитетна и подобра, како во претстојните квалификации за ЕП, така и во другите идни натпреварувања, еден од најталентираните млади играчи во Европа прифати. Лазар Самарџиќ ја прифати поканата на селекторот Драган Стојковиќ и од март ќе биде дел од најдобриот тим во Србија“, се вели во соопштението на ФСС.

„Остана уште да биде завршен административниот дел, односно фудбалерот да добие одобрение од ФИФА, кое го очекуваме во наредните денови“.

Самарџиќ е роден во Берлин пред 21 година, а неговиот татко е босански Србин по потекло од Живинице во Босна и Херцеговина. Помина низ школата на Херта, а првите сениорски минути ги доби во Лајпциг, каде не се наметна, поради што во 2021 година се пресели во Италија. Во првата сезона се бореше за минутажа, а оваа сезона е еден од клучните играчи на Лука Готи. На 22 настапи во првенството постигна четири гола и имаше две асистенции.

Share
Scroll to Top