Лука Дончиќ повторно покажа зошто е еден од главните кандидати за наградата за најкорисен играч (MVP), во НБА лигата.
Словенечкиот репрезентативец ги предводеше Лос Анџелес Лејкерс до осмата последователна победа, откако го победија Феникс со 131:123.
Дончиќ постигна 43 поени, со девет асистенции и три скока, погодувајќи пет тројки од 13 обиди.
Ова е негов седми натпревар со најмалку 40 поени оваа сезона.
Тој имаше одлична поддршка во Квентин Грајмс, кој додаде 22 поени.
Лејкерси постигнаа дури 40 поени во третата четвртина и стекнаа предност што домаќинот не можеше да ја анулира, и покрај тоа што го добија последниот период со 43:27.
Најефикасен за Санс беше Колин Гилеспи со 26 поени.
Резултати:
Филаделфија – Индијана 131:124
/Браун 31 – Сиакам 31/
Феникс – Лос Анџелес Лејкерс 123:131
/Гилспи 26 – Дончиќ 43/
Лос Анџелес Клиперс – Шарлот 113:105
/Гарланд 27 – Вајт 21/
Јута – Сан Антонио 102:110
/Бамба 26 – Харпер 31/
Бостон – Далас 131:94
/Тејтум 32 – Ризаше 18/
Торонто – Њујорк 108:112 по продолжение
/Барнс 30 – Брансон 28/
Вашингтон – Хјустон 119:147
/Сар 25 – Томпсон 26/
Милвоки – Аталанта 106:113
/Јакучионис 25 – Александар-Вокер 20/
Сакраменто – Оклахома 103:125
/Акаф 26 – Гилџес-Александер 37/.
Foto/ Depositphotos






