Новиот протокол ги одложи натпреварите во Првата и Втората лига

Новиот протокол ги одложи натпреварите во Првата и Втората лига

пред 3 години

Викендов нема да се игра фудбал на терените низ државата. Фудбалската федерација на Македонија го одложи 11 коло во Првата лига и 10 коло во Втората лига Исток и Запад, поради новиот протокол што го донесе Владата за заштита од коронавирусот.

Новиот протокол предвидува спортските клубови, на свој трошок, пред секој натпревар да спроведат тестирање.

„Комисија за натпреварување во рамки на Фудбалската федерација на Македонија информира дека поради измени на Протоколот за спроведување мерки за заштита од „Ковид 19“ и стапување на сила на Општиот протокол за организирање на натпревари, натпреварите од 11. коло на Прва МФЛ и 10. коло на Втора МФЛ – Исток и Запад кои требаше да се одиграат на 31.10.2020. (сабота) и 01.11.2020. (недела), се одложуваат и истите се пренасочуваат за одигрување на 07.11.2020. (сабота) – 11. коло од Прва МФЛ и 10. коло, Втора МФЛ – Исток и Запад на 08.11.2020 (недела)“, соопштија од ФФМ.

Share
Scroll to Top