Асоцијацијата на тениски професионалци ја објави најновата листа и по првпат од 2014 година на врвот не се наоѓа едно од презимињата Ѓоковиќ, Надал и Федерер.
Меѓу осумте играчи кои се во трка за завршниот Мастерс, српскиот ас Новак Ѓоковиќ е на третата позиција, а Рафаел Надал е осми во поредокот. Роџер Федерер, очекувано го нема во изборот затоа што неговата пауза од терените траеше долго.
Србинот го освои Австралија Опен, но пред него се Андреј Рубљов и Стефанос Циципас.
Гркот во последниот период игра сјајно, па по четвртфиналето во Мелбурн ја зема титулата во Монте Карло, а стигна до финалето и во Барселона.
The @FedEx ATP Race To Turin is on:
8) ?? @RafaelNadal
7) ?? @janniksin
6) ?? @HubertHurkacz
5) ?? @AsKaratsev
4) ?? @DaniilMedwed
3) ?? @DjokerNole
2) ?? @AndreyRublev97
1) ?? @steftsitsipas pic.twitter.com/l63YZrdcwY— ATP Tour (@atptour) April 29, 2021