Нордиско скијање или ММА?

Нордиско скијање или ММА?

пред 3 години

Руската штафета 4х7.5 километри беше дисквалификувана од натпреварувањето од Светскиот куп во нордиско скијање во Финска, откако Александер Бољшунов збесна на целта.

Во трка за второто место со Финецот Јони Маки, Бољшунов сметаше дека ривалот непрописно му го блокира патот, и откако не успеа да го помине го удри со скијачката палка откажувајќи се од борбата. Потоа, тој намерно се турна во финскиот ривал на целта.

Инаку, Русија сепак беше на подиумот, но вториот тим на „зборнаја“, која беше промовирана од четвртото место на третото по дисквалификацијата на првиот тим. Норвешка стигна до победа, додека за Финска ова е прв подиум во 4х7.5 км штафетата.

Share
Scroll to Top