Ноќ на рекорди на „Ноу Камп“ – Меси се израмни со Гигс, достигнување и за Ансу Фати

Ноќ на рекорди на „Ноу Камп“ – Меси се израмни со Гигс, достигнување и за Ансу Фати

пред 3 години

Барселона, по проблематичното лето, и трауматичниот 8:2 пораз од Баерн Минхен во Лигата на шампионите, ја отвори новата сезона во натпреварувањето со 5:1 победа над Ференцварош, во која легендата на клубот Лео Меси постави нов рекорд, а иднината на клубот, Ансу Фати исто така се запиша во историјата на ЛШ.

33-годишниот Меси го постигна првиот гол, со удар од белата точка, со што стана само вториот фудбалер кој постигнал голови во 16 сезони во Лигата на шампионите, заедно со Рајан Гигс од Манчестер јунајтед. За Меси ова е само втор гол оваа сезона, откако и претходниот против Вилјареал, го постигна од пенал.

Фати, пак, со својот гол (вториот на мечот), стана првиот фудбалер кој постигнал повеќе од еден гол во ЛШ пред својот 18-ти роденден.

Share
Scroll to Top