Обрадовиќ во Партизан сака да донесе МВП од 2017. година!

Обрадовиќ во Партизан сака да донесе МВП од 2017. година!

пред 3 години

Со ангажманот на Жељко Обрадовиќ, Партизан тргна во амбициозен проект и до сега доведе 4 големи засилувања за новата сезона.

Шпекулациите во „црно-белиот“ дел на Белград се дека петтото засилување може да е „бомба“.

Италијанскиот весник „Република“ пренесува дека мета на Партизан е нигерискиот центар Екпе Удо (34 години, 208 сантиметри) кој играше за Фенербахче додека популарниот „Жоц“ беше на чело на турската екипа.

Не само што играше за Фенер, туку беше еден од омилените играчи на Обрадовиќ, ја донесе титулата во 2017 година како МВП на Ф4.

За услугите на Удо се заинтересирани и во Виртус Болоња. Нигериецот интернационалната кариера ја почна во Голден Стејт, потоа имаше кратка епизода во Израел, па играше во Милвоки, односно Клиперс. По НБА авантурата настапуваше за два кинески клубови.

Претходно, Партизан веќе ги ангажираше Кевин Пантер, Алекса Аврамовиќ, Зека Ледеј и Родионс Курукс. Седум кошаркари ја напуштија екипата.

Share
Scroll to Top