Обрадовиќ се прости со Дуда: Тој човек мене ми беше сè

Обрадовиќ се прости со Дуда: Тој човек мене ми беше сè

пред 3 години

Тренерот на Партизан, Жељко Обрадовиќ беше еден од тренерите и кошаркарите кои говореа на комеморацијата по смртта на Душан Дуда Ивковиќ, кој почина на 78 години во четвртокот.

„Отиде човекот кој ми беше се – тренер, учител, ментор, кум, пријател. И тоа не само на мене. Не сакам да зборувам за Дуда како за тренер и за тоа што остави зад себе, за титулите и трофеите, бидејќи за тоа е кажано многу. Сите кои работеле со него знаат дека тој им помогнал да станат и подобри играчи и подобри луше. Минатиот четврток наутро, Нена ме разбуди со вестите дека веќе го нема. Бев во шок, полн со емоции, но знаев дека морам да одам да работам со кошаркарите, и во глава го имав тоа што Дуда ме учеше – да не види никој што се случува. По тренингот, не можев да ја сопрам мојата Ања да плаче. Го собрав и синот Ѓорѓе да одиме до кај Нена. Мојот син има 21 година и никогаш не сум го видел потажен“, говореше Обрадовиќ.

Покрај него зборуваше и претседателот на Српскиот кошаркарски сојуз (КСС), Предраг Даниловиќ.

„Нашиот сојуз и кошаркарската историја не би била исти без Дуда. Кошарката не беше дел од неговиот живот, туку беше неговиот живот. Многу тешко ни падна на сите, и ќе го сакам засекогаш него и неговото семејство. Секогаш ќе остане мој селектор“, изјави Даниловиќ.

Share
Scroll to Top