„Овој Манчестер јунајтед може да ја освои титулата“

„Овој Манчестер јунајтед може да ја освои титулата“

пред 3 години

Манчестер јунајтед, сезонава има шест победи во исто толку натпревари кога игра во гости. На последните пет натпревари, тимот на Оле Гунар Солскјер, забележал пет победи и едно реми. Јунајтед се наоѓаат на шестото место, со шест пет бода помалку од Ливерпул, но и натпревар помалку од лидерот.

Мначестер јунајтед, синоќа, славеа кај Шефилд јунајтед со 3:2. Поранешните фудбалери на Јунајтед, Пол Сколс и Мајкл Овен, по мечот не ги штедеа комплиментите за играта на „црвените ѓаволи“.

„Доколку клучните играчи останат здрави до крајот на првенството, мислам дека можат да ја освојат титулата. Играат возбудлив фудбал, чинам дека Солксјер ја најде добитната формула. Не го сменил составот на последните пет натпревари, се функционира одлично. Формацијата 4-2-3-1 совршено им одговара на фудбалерите, а нападот е еден од најдобрите во Европа. Клучно е Матиќ и Погба да воспостават контрола во редот за врска. доколку тиа двајца се стабилни и топката навреме доаѓа до Фернандеш, Јунајтед се опасни“, рекол Сколс.

„Можат да бидат шампиони, тоа е сигурно. Но за да бидат шампиони мора да ги користат своите најдобри играчи. Ако за Погба и Фернандеш си издвоил десетици милиони евра, тие мора да играат, не смеат да седат на клупата. Неверојатно е што имаше периоди кога Погба, Фернандеш и Рашфорд не беа заедно на теренот. Тое мора стално да играат, заедно се фантастични“, заклучил Овен.

Share
Scroll to Top