Одложувањето на ОИ 2020 ќе чини околу 2 милијарди долари

Одложувањето на ОИ 2020 ќе чини околу 2 милијарди долари

пред 3 години

Трошоците за едногодишното одлагање на Олимписките игри кои годинава требаше да се одржат во Токио, Јапонија чинат околу 200 милијарди јени или 2 милијарди долари.

Новинската агенција „Кјодо“ и весникот „Јомиури“ денеска пренесуваат ваков податок повикувајќи се на неименуван извор близок на организаторите на ОИ.

Се очекува наредниот месец организаторите и владата на Јапонија да соопштат како ќе бидат поделени трошоците.
Олимписките игри требаше да се одржат летоска во Токио, со почеток на 23 јули. Меѓународниот олимписки комитет (МОК) неодамна соопшти дека ќе помогне со 650 милиони долари за надминување на трошоците.

Според официјални податоци од Организацискиот комитет, трошоците за Олимписките игри се 12.6 милијарди долари, од што 5.6 милијарди се од приватни фондови.

Универзитетот „Оксфорд“ објави студија во која наведува дека ОИ во Токио ќе бидат најскапите во историјата на ЛОИ.
Очекувањата се дека на Олимписките и Параолимписките игри во Токио ќе настапат 15.400 спортисти заедно со десетина илјади судии, службени лица, важни гости, спонзори, медиуми и емитери.

Токио во последните денови бележи пораст на бројот на заболени од Ковид 19, а досега од овој вирус во Јапонија починале околу 2.000 луѓе.

Share
Scroll to Top