Оливер Кан демантира дека им се смеел на Барселона

Оливер Кан демантира дека им се смеел на Барселона

пред 2 години

Легендарниот поранешен голман, а сега генерален директор на Баерн Минхен, Оливер Кан демантира дека се потсмевал со Барселона откако неговата реакција на ждрепката за Лигата на шампиони предизвика бурни реакции во Каталонија.

Каталонскиот весник „Спорт“ го обвини Кан дека се потсмевал на тимот на Чави Ернандез, велејќи дека се работи за „необична реакција за време на ждрепката, во која вообичаено се респектира противникот“. Кан одговори во изјава за германскиот „Билд“.

„Таа интерпретација доаѓа од никаде. Роберт Левандовски замина за Барселона пред неколку недели, а сега ждрепката повторно не зближува во Лигата на шампиони. Се насмеав бидејќи тоа е реткост во фудбалот. Имам огромна почит кон Роберт и кон Барселона, и овие мечеви ќе претставуваат прослава за фановите на двата клуба и на сите кои го сакаат фудбалот“, вели Кан.

Реакцијата на Оливер Кан кога на Баерн пак им се падна Барса е легендарна

Share
Scroll to Top