Олмо ги искачи Лајпциг на првото место во Бундеслигата!

Олмо ги искачи Лајпциг на првото место во Бундеслигата!

пред 3 години

РБ Лајпциг (барем привремено) е лидер во Бундеслигата, откако стигна до тешко извојувана 1:0 победа на гости кај Штутгарт благодарение на шпанскиот феномен Дани Олмо.

На „Мерцедес-Бенц арената“, гостите од источна Германија имаа совршена шанса да дојдат во водство во 22. минута, кога Емил Форсберг доби пенал, но швајцарскиот голман на Штутгарт, Грегор Кобел имаше спектакуларна одбрана со кунг-фу удар (линкот е подолу). Сепак, тој беше немоќен во 67. минута, кога засилувањето за Ред бул од Динамо Загреб, поранешниот талент на Барса, Дани Олмо донесе водство за гостите.

Со победата, Лајпциг се први на табелата со 31 поен, еден повеќе од Баерн на второто место, но Баварците утре го пречекуваат нископласираниот Мајнц. Штутгарт е на 11. место со 18 поени откако во последните три меча не знае за победа.

Голманот на Штутгарт имаше спектакуларна одбрана на пенал

Share
Scroll to Top