„Оуктри“ ќе купи 30 отсто од Интер со намера да го преземе клубот?

„Оуктри“ ќе купи 30 отсто од Интер со намера да го преземе клубот?

пред 3 години

Американскиот фонд „Оуктри капитал“ ќе купи 30 отсто од акциите на Интер, со план подоцна целосно да го преземе новокрунисаниот италијански шампион од кинеската „Сунинг групација“ јавува „Блумберг“.

„Оуктри“ ќе ги откупи 30-те отсто кои ги поседува хонгконгшкиот „Лајонрок капитал“ во договор од 336 милиони долари, тврди „Блумберг“, откако „Сунинг“ подолго време се мачат со финансиите и бараат нов партнер.

Италијанските медиуми пак, тврдат дека „Оуктри“ ќе донесе пари во тимот, но дека подоцна ќе се обидат да ја преземат целосната контрола на клубот.

Share
Scroll to Top