Паратичи: Јуве секогаш се грижат за Пол Погба

Паратичи: Јуве секогаш се грижат за Пол Погба

пред 3 години

Директорот на Јувентус, Фабио Паратичи призна дека клубот не би имал ништо против во Торино да се врати Пол Погба, слично како Алваро Мората, но дека е прерано да се зборува за целите за трансфер следната сезона.

„Погба засега е во Манчестер јунајтед и е нивни играч и прерано е да се размислува за трансфери. Но, сите тука се грижиме за Погба, бидејќи тој е еден од нашите поранешни играчи кој ни даде толку многу и секогаш ќе мислиме на него. Сега ја конструираме оваа сезона, ќе видиме за понатаму“, вели Паратичи.

Тој додава дека Мората, кој и вечерва постигна два гола против Ференцварош, бил првиот избор на клубот.

„Го познававме навистина добро имаше две добри сезони со нас и кога имаше шанса сигурно дека се решивме за него“, додава Паратичи.

Share
Scroll to Top