Пеле е слободен играч, ама веќе не е слободен човек – Варга му рече „ДА“

Пеле е слободен играч, ама веќе не е слободен човек – Варга му рече „ДА“

пред 4 години

Италијанскиот фудбалер Грацијано Пеле (35) од овој месец е слободен играч (му истече договорот со кинески Шандонг Луненх), но веќе не е слободен човек. Поранешниот напаѓач на Саутемптон се уште бара нов клуб, а сопругата веќе ја најде.

Неодамна Пеле ја запроси својата девојка, унгарската манекенка Викторија Варга (30). Италијанецот и приредил романтично запросување на девојката во Дубаи.

Инаку, нејзиниот Инстаграм профил го следат над 500.000 луѓе ширум светот.

Share
Scroll to Top