Пепе тргна да се тепа со соиграч

Пепе тргна да се тепа со соиграч

пред 3 години

Порто, синоќа, забележа победа од 1:0 кај Фаренсе. По новата победа Порто има само бод помалку од лидерот Спортинг Лисабон.

Дуелот во Фаренсе го обележа ветеранот Пепе. Натурализираниот Португалец, познат по својот „краток фитил“, по завршувањето на натпреварот тргнал физички да се пресмета со соиграчот Мамаду Луома.

Интересно, Луома, влезе во игра во самиот финиш, на теренот мина десетина секунди.

Пепе му пријде на Луома, се поздрави со него, потоа тие двајца разменија неколку зборови, по што започнаа да се туркаат. Поголем инцидент спречија соиграчите и судиите.

 

Share
Scroll to Top