Милан во третото коло на Лига Европа игра против француски Лил, а тренерот на „росонерите“ Стефано Пиоли вели дека неговата цел е тимот да созрева и да ги добива мечевите. Пиоли не може да е незадоволен како неговиот тим ја почна сезоната.
„Работиме квалитетно и добро се чувствуваме кога сме заедно. Многу сме сериозни, но само што почнавме. Мора да имаме храброст и уште да растеме. Да водиме меч на зрелоста и да напредуваме со вистински одлуки во нападот“ – рече италијанскиот стратег.
Го изнесе и своето размислување пред мечот со францускиот клуб.
„Секога мислам позитивно и уверен сум во квалитетот на тимот. На почетокот сме. Малку сме како оние кои копаат бунат и бараат вода. Ништо не си направил додека не ја најдеш наградата“ вели Пиоли пред мечот со Лил.
Инаку Милан има само едно реми (против Рома) и 5 триумфи во Серија А сезонава, лидери се со 16 бода.
Во Лига Европа „росонерите“ славеа на првите две средби, нагости кај Селтик и на „Сан Сиро“ со Спарта Прага.