Македонскиот пливач Андреј Стојановски го освои последното 40. место на квалификациите на 200 метри градно на Светското првенство во водени спортови кое се одржува во Будимпешта.
Стојановски пливаше во првата квалификациска трка.
Тој утрово исплива време од 2:26.11 минути, што е многу послабо време од неговото најдобро време (2:24.79 минути).