Погачар го продолжи договорот со Емирејтс тимот

Погачар го продолжи договорот со Емирејтс тимот

пред 4 години

Тадеј Погачар, победникот на минатогодишниот Тур д’Франс, го продолжи договорот со „УЕА Тим Емирејтс“, до 2026 година. Најталентираниот возач на денешнината, веќе трет пат го продолжува договорот со овој тим.

Погачар е професионалец од 2019 година. Во својата деби сезона победи на „Трката околу Калифорнија“ и на „Волти Алграве“, додека на „Вуелта“ во Шпанија го освои третото место.

Минатата година, на неверојатен начин, успеа да победи на најпрестижната велосипедска трка во светот, Тур д’Франс, пред сонародникот Примож Роглич.

Оваа сезона ја започна со победа на првата етапа, на „Трката околу Емиратите“.

Share
Scroll to Top