Погачар стана најплатен велосипедист со 6 милиони евра по сезона

Погачар стана најплатен велосипедист со 6 милиони евра по сезона

пред 3 години

Словенечкиот велосипедист Тадеј Погачар стана најплатениот велосипедист во светски рамки откако потпиша нов договор со тимот на УАЕ Емирати, вреден 6 милиони евра.

Италијанските медиуми пренесуваат дека новиот договор на Погачар е со важност до 2026 година.

Словенецот годинава ја одбрани титулата на „Тур д`Франс“, а потоа во драматично возење стигна и до бронзата на ОИ во Токио.

22-годишниот велосипедист сега ќе заработува повеќе од Крис Фрум (4,5 милиони евра годишно) и Петер Саган (5 милиони евра по сезона).

Погачар на трките треба да им се врати на крајот на овој месец.

Share
Scroll to Top