Погба за „Јуве-фризурата“: Сега имам време само за ЕУРО!

Погба за „Јуве-фризурата“: Сега имам време само за ЕУРО!

пред 3 години

Пол Погба повторно беше запрашан од италијанските новинари за шпекулациите за можно враќање во Јувентус, откако на последниот меч од групната фаза на ЕУРО 2020 против Португалија се појави со коса обоена во црно и бело, боите на „бјанконерите“.

Договорот на 28-годишниот Французин со Манчестер јунајтед завршува следната година, и според шпекулациите тој одбива да потпише нов договор, зголемувајќи ги шпекулациите за трансфер ова лето. Кога новинарите на „Скај спорт Италија“ го прашаа за фризурата тој беше јасен.

„Го очекував ова прашање! Во моментов нема зборување за мојата иднина, туку само Европско првенство. Покрај тоа, мојата фризура се менува често“, изјави Погба.

Share
Scroll to Top