Ѕвездата на Манчестер јунајтед, Пол Погба даде поддршка на американската гимнастичарка Сајмон Бајлс, која се повлече од повеќебојот велејќи дека е најпотребно да се фокусира на сопственото ментално здравје.
Овој потег дојде откако таа се повлече и од тимското натпреварување, и доби повеќе пофалби за својот потег под притисок за остварување резултати. Иако дел од критичарите сметаа дека професионален спортист мора да се носи со притисокот кој ја носи работата, Погба не се согласува.
„Момент на неверојатна сила од Симон Бајлс. Секогаш се фокусираме на физичкиот аспект на здравјето, но менталното здравје е исто толку важно. Кога се грижиш за двете, ќе успееш во животот“, напиша Погба.
A moment of undeniable strength from @simone_biles. We always focus on the physical aspect of health but the mental aspect is just as important. When you take care of both, you will flourish in life! ❤️??#SimoneBiles GOAT ?
— Paul Pogba (@paulpogba) July 28, 2021