Покетино: ВАР треба да им помогне на судиите

Покетино: ВАР треба да им помогне на судиите

пред 6 месеци

Во моментов најсериозната дискусија во англискиот фудбал се води околу ВАР системот. Ќе се гласа дали тој систем ќе остане или ќе се укине.

Преставници на клубовите од англиската Премиер лига следниот месец ќе гласаат за укинување на ВАР, објави вчера „Атлетик“.

За да се укине ВАР потребно е најмалку две третини од клубовите да гласаат за таа опција. Во случајот со Премиер лигата, тоа значи 14 од 20 клубови.

ВАР, беше воведен во Премиер лигата во 2019 година, но беше предмет на бројни контроверзии. Во кои случаи може да се вклучи и какви одлуки се носат со негово користење се постојани прашања во англискиот фудбал. Предлогот е направен на иницијатива на Вулверхемптон.

Свое мислење за него се изјасни и тренерот на Челзи, Маурисио Покетино.

„За мене не се работи за добрите или лошите страни, туку за подобрување на неговата употреба. Може да биде одлично ако се користи на правилен начин. Тоа може да биде фантастична алатка за да им помогне и на судиите и сите нас. Следната сезона треба да видиме како да го подобриме“, изјави Покетино.

Share
Scroll to Top